Израел го ослободи Палестинецот Карим Јунис по 40 години минати во затвор

Израелските власти денеска ослободија палестински затвореник по 40 години минати во затвор, соопшти Здружението на палестински затвореници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Карим Јунис од градот Ара во северен Израел е уапсен на 6 јануари 1983 година и осуден на доживотна казна затвор, која подоцна е намалена на 40 години.

Тој беше обвинет за членување на во тоа време забранетото движење „Фатах“, за поседување оружје и убиство на израелски војник.

Јунис е член на Централниот комитет на „Фатах“, предводен од палестинскиот претседател Махмуд Абас.

За време на неговиот притвор, тој напиша две книги на арапски јазик – едната во 1990 година со наслов „Политичката реалност во Израел“, и другата во 1993 година со наслов „Идеолошката борба и спогодба“.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).