Индија: Лице за кое се сметало дека починало од Ковид се вратило дома две години подоцна

Камлеш Патидар, кој беше прогласен за мртов пред две години откако бил болен од Ковид-19, се вратил дома во областа Дар во Мадја Прадеш, јавува Анадолу.

Патидар, жител на индискиот Дар, се вратил дома по две години.

Неговиот роднина Мукеш Патидар за новинарите изјави дека во 2021 година, Камлеш Патидар бил префрлен во државната болница во Гуџарат како сериозно болен во вториот бран на епидемијата на Ковид-19.

Како што рече, од него се простиле откако го презеле неговото тело од болница.

Мукеш рече дека Камлеш, за кого се мислело дека е мртов, тропнал на вратата на својата тетка по две години.

Според неговите зборови, членовите на неговото семејство и роднините се во шок.

Нема информации каде се наоѓал Калмеш во последните две години.

извор:Анадолу.

фото: Анадолу.