Инфлацијата во Турција во јули достигна годишна стапка од 79,6 отсто, што е нејзино највисоко ниво во изминатите 24 години, покажаа денешните податоци на турскиот Завод за статистика. Се работи за последица на континуираната слабост на лирата и високите глобални трошоци за енергија и суровини, објави Фокус.мк.
Растот на инфлацијата во земјата започна минатата есен, кога лирата нагло падна, откако централната банка постепено ја намали клучната каматна стапка за 500 базични поени, на 14 отсто во циклус на монетарно ублажување што го бараше претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
На месечно ниво, потрошувачките цени во јули пораснаа за 2,37 отсто, објави турскиот Завод за статистика. Се предвидуваше дека на годишно ниво, инфлацијата на потрошувачките цени во јули ќе изнесува 80,5 отсто.
извор: Фокус.мк.