Конгресниот комитет што ги истражува насилните нереди во Капитол Хил на 6 јануари 2021 година ја започна својата последна јавна расправа. За време на седницата беа објавени информации кои укажуваат дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп имал однапред смислен план, пред да бидат преброени гласовите по претседателските избори во ноември 2020 година, да прогласи победа без разлика на вистинскиот исход од гласањето. „Доказите покажуваат дека неговиот лажен победнички говор бил планиран многу однапред, пред да се пребројат гласовите. Планот беше да се прогласи победа без оглед на вистинскиот резултат на гласањето“, изјави Зои Лофгрен, претставник на Демократската партија од Калифорнија, за време на сослушувањето.
Тадио Слободна Европа