Исчезна 17 годишната Сара Петровиќ од Белград. Трагот и се губи денеска околу 13 часот. Последен пат е видена во близина на ресторанот „Франш“, јавуваат српските медиуми.
Според информациите, таа се качила во автобус на автобуската станица кај Зелени венц.
Само кажа дека заспала во автобусот и оттогаш и се губи секаква трага. На нејзиниот телефон се јавува непознато машко лице. Не знаеме дали се работи за киднапирање или за кражба – се наведува во пост на Инстаграм.
Сара е висока 165 см, има кафена коса и очи, а има тенка градба. Беше облечена во црно и носеше црн ранец, пишува во објавата.