Италија: Шест енергетски компании казнети поради самоволно поскапување на цените

Шест италијански енергетски компании, вклучително и гигантите Ени и Енел, се казнети со вкупно над 15,6 милиони евра затоа што на потрошувачите им наплатиле повисоки цени и покрај државната забрана за зголемувања на цената, соопшти денес италијанскиот антимонополски регулатор, пренесува Анадолу.

Зголемувања на цените имаше во периодот меѓу август 2022 година и јуни 2023 година, кога италијанската Влада забрани еднострано зголемување на цените на гасот и на електричната енергија, со цел да им помогне на домаќинствата и на бизнисите погодени од скоковите на цените на енергијата.

Енергетскиот гигант Енел беше казнет со околу 10 милиони евра, а на компанијата Ени ѝ беше наложено да плати 5 милиони евра поради наплатување повисоки цени на четири милиони потрошувачи.

Ацеа е казнета со 560.000 евра, а Доломити Енергија со 50.000 евра.

Компанијата Ибердрола беше казнета со 25.000 евра затоа што ги принудила потрошувачите да прифатат нови договори во „влошени економски услови“, соопшти италијанскиот регулатор.

Едисон е казнет со 5.000 евра бидејќи им ги надоместил трошоците на купувачите по поскапувањето, а неговиот потег погодил маргинален број луѓе, според регулаторното тело.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.