Американските републиканци не успеаја втор ден по ред да го изберат својот лидер Кевин Мекарти за претседател на Претставничкиот дом или да смислат нова стратегија за ставање крај на политичкиот хаос што го наруши почетокот на новата седница на институцијата во која тие имаат мнозинство по среднорочните избори во ноември минатата година.
Ниту во четвртиот, петти и шести круг гласање, републиканците не успеаја да го изберат Мекарти за спикер и покрај повикот на поранешниот претседател Доналд Трамп да му се даде доверба. Дваесетмина конзервативци сè уште одбиваат да го поддржат Мекарти, а тој не успеа да обезбеди поддршка од најмалку 218 пратеници потребни за да стане шеф на институцијата.
Тенкото мнозинство на републиканците со 222-212 дава поголемо влијание на мала група тврдокорни кои сакаат промени во правилата што ќе им дадат посилна контрола врз претседателот на Претставничкиот дом и поголемо влијание врз пристапот на партијата кон прашањата за трошење и задолжување. Без нивна поддршка, Мекарти не може да биде избран.
novamakedonija.com