СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифатија условот на ДУИ да ги добија гласовите за својот претседателски кандидат во вториот круг, како замена за новиот избор на шефот на државата да биде биран во Собранието по Бадентеров принцип. – Претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието, ова е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг по завршувањето на претседателските избори, порача вчера Аратна Груби. Од СДСМ изјавија дека претседателот се бира и ќе се бира на непосредни избори. И штабот на Пендаровски утрово во писмено соопштение се произнесе дека не го прифаќа условот на ДУИ. Од ВМРО-ДПМНЕ овој услов на ДУИ го нарекоа уцена на Груби.
Related Posts
(ВИДЕО) Ресенчанката Бети Котовческа постави личен рекорд капејќи се во вода на -34 степени
Капењето во екстремно студени води во Лапонија се секојдневие за Бети Котовчевска од Ресен. Оваа зима, таа го постави својот личен…
Од утре задолжително поседување на зимска опрема
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност…
(ФОТО) Големо невреме со силен град во општина Липково
фото ФБ Славчо Попоски