Кабинетот на Зеленски: Украинската делегација се согласи да се сретне со Русите на границата со Белорусија

Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски соопшти дека белорускиот претседател Александар Лукашенко го повикал украинскиот претседател во неделата.

„Политичарите се договорија украинската делегација да се сретне со руската делегација без предуслови на украинско-белоруската граница, во близина на реката Припјат“, соопштија од неговиот кабинет.

„Александар Лукашенко ја презеде одговорноста да се осигура дека сите авиони, хеликоптери и проектили стационирани на белоруската територија ќе останат на теренот за време на патувањето, средбата и враќањето на украинската делегација.