Кабул би можел да стане првиот главен град во светот што целосно ќе остане без вода, велат експертите, главно поради брзиот раст на населението, климатските промени и лошото управување.
Нивото на подземните води во авганистанскиот главен град се намали до 30 метри во изминатата деценија, додека речиси половина од бушотините во градот – главниот извор на вода за пиење за жителите – се исушиле, според неодамнешна студија на невладината организација „Мерси Корпс“.
Побарувачката за подземни води во градот е непропорционално висока: секоја година се вадат 44 милиони кубни метри повеќе вода отколку што може природно да се надополни – речиси двојно повеќе од одржливата стапка.
Населението на Кабул порасна од околу 2 милиони во 2000 година на повеќе од 6 милиони во 2025 година, ставајќи огромен притисок врз неговите резерви на вода, кои би можеле да пресушат во рок од пет години.
slobodnaevropa.mk




