Јелена Карлеуша вчера ја изненади публиката и објави уште еден албум насловен „Омега“, само една недела откако го објави албумот „Алфа“, кој ги сруши сите рекорди на слушање.
Песната која веднаш се издвои и стана омилена на многумина е песната „Романе“.
Во неа Јелена му пее на богат Русин, го моли да не потпишува предбрачен договор, вели дека таа ќе му биде љубов и дека ќе го сака.
Многумина се прашуваа дали песната е посветена на рускиот олигарх Роман Абрамович, а деталите ги открила авторката на песната Љиља Јорговановиќ.
„Да, песната е посветена на Роман Абрамович. Тој е одличен човек. Убав, паметен, богат, згоден… И веднаш стана хит, изјавила Љиља за Телеграф.
На прашањето зошто решила да пишува за Роман, а не, на пример, Андреј Мелниченко, таа дадала духовит одговор.
„Не се занимавав многу со руски олигарси. Некако Роман е најдобрата инспирација за песната… А пораката треба да е убава“, вели таа и додала дека текстот го напишала многу пред да започне војната во Украина.
„Патем, песната е напишана пред војната во Украина. Ја напишав пред две години“, изјавила авторката.
Со над 6.000 освоени смс-гласови, македонскиот натпреварувач Сашо Башески вечерва победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Талентираниот…
Научници од Кина успешно клонирале три „суперкрави“ кои можат да произведат невообичаено голема количина млеко, пренесуваат тамошните медиуми. Научниците направиле…