Пејачката Јелена Карлеуша денеска на својот Фејсбук профил објави дека се вратила на социјалната мрежа на која долго време не била активна.
Јелена уште во 2019 година беше суспендирана од социјалната мрежа Твитер (моментално „Х“), каде со години го кажуваше своето мислење за жешките теми и уживаше во комуникацијата со публиката преку тој канал.
По суспензијата, Карлеуша повторно го отвори профилот за промоција на новите албуми „Алфа“ и „Омега“, но не остана на платформата, туку најмногу се огласуваше на својот Инстаграм профил кој неодамна беше затворен и не се знае дали и кога ќе биде обновен, а сега повторно е активна на социјалната мрежа Х.
– Се вратив на Х – напиша Карлеуша.