Ковачевски за ТВ 24: Очекувам во наредниот период цената на нафтените деривати и натаму да расте

Премиерот Димитар Ковачевски во емисијата 24 анализа рече дека во моментов во Европа се случува најголемата криза по секој основ која во моментов не може да се предвиди до каде ќе се продлабочува.

– Ако ја гледаме цената на нафтата во последните пет дена, таа дневно расте по 100 долари, што значи денска и денес ќе имаме корекција на цената на нафтените деривати кои ги увезуваме. Очекувам тоа да биде по нагорна линија и тоа е резултат на војната што се води во Украина. Тоа предизвика диснбаланс на светските берзи, пред се на енергенсите и електричната енергија. Само ја зголеми и продлабочи кризата и влијаеше на цената на храната на светските берзи. Најголем дел се зголемени за над 50%, а на јагледнот е пет пати е зголемена цената. Тоа предизвика негативни економски последици кај нас. Владата уште во средината на минатата година, донесе одлука за намалување на стапката на ДДВ. – рече Ковачевски.

извор: ТВ 24