„Јас како човек и како политичар уцени не прифаќам, тоа дека тие ќе ги блокираат општините го видовме од прв ден кога ги освоија општините како градоначалници од ВМРО – ДПМНЕ“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. При тоа премиерот посочи дека Владата континуирано се справуваше со проблемот за затоплување во Скопје иако е тоа обврска на Градот Скопје.
„Гледаме дека во одредени реони во Скопје нема веќе автобуски превоз, гледаме дека во Тетово не беше усвоена ниту завршната сметка и гледаме дека во сите градови каде што власта ја освои ВМРО – ДПМНЕ после првичното сликање во скапи хотели каде беа промовирани реализацијата на проекти оставени од градоначалниците доминантно претходно од СДСМ и ДУИ веќе нема ни сликање по хотели, нема сликање по црвени килими затоа што нема нови проекти. Исто така гледате дека Владата се справуваше со проблемот на затоплување на граѓаните на Скопје, тоа е обврска на Град Скопје“, рече премиерот Ковачевски додавајќи дека конечно добивме одговор дека Град Скопје нема капацитет тоа да го прави што значи дека Министерството за економија како и досега заедно со Владата и заедно со електро енергетските компании во државна сопственост ќе мора да изнајде начин и за идната година.
извор: Влада
фото: Влада