Комеморативна седница во Собранието во пресрет на годишнината од трагедијата во Кочани

Во Собрание на Република Северна Македонија денеска се одржа комеморативна седница во пресрет на годишнината од трагедијата во Кочани, на која беше оддадена почит на жртвите и беше споделена тагата со нивните најблиски.

Во името на присутните и на македонските граѓани, претседателот на Собранието Африм Гаши изрази длабоко сочувство, емпатија и разбирање кон семејствата на настраданите, нагласувајќи дека институциите остануваат подготвени да дадат поддршка и помош.

На седницата беше истакнато дека правото, правдата, етиката и солидарноста се единствениот пат во соочувањето со одговорноста за трагедијата во која прерано згаснаа 63 животи.

Комеморативната седница беше одбележана со пораки за сеќавање на жртвите, но и со повик за заедничка одговорност и солидарност во општеството.