Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес изврши увид во бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола. Весна Бендевска, член на Комисијата рече дека увидот е по претставка на Здружение на граѓани кое го пријавило Клубот за дискриминација, објави Сител.
„Согласно член 29 од Закон за спречување и заштита од дискриминација, работиме на претставка поднесена од Здружение на граѓани со оправдан интерес. Согласно наводите во претставкатам, должни сме да ја сослушаме и другата страна. Членот 29 ни овозможува најавени и ненајавени увиди. Овој пат дојдовме на најавен увид од пред една недела во просториите на потенцијалниот дискриминатор, како што наведува во поднесената претставка, изјави Весна Бендевска, член на комисијата.
Бендевска не даде подетални информации за што се однесува дискриминацијата, се додека трае постапката.
Текстот во целост на: Сител.