Кoмпјутерско програмирање, на врвот највисоки плати во Македонија

Државниот завод за статистика (ДЗС) деновиве објави дека просечната нето-плата во септември изнесувала 41.585 денари.

Податоците на ДЗС покажуваат дека нема промени во делот на највисоката просечна нето-плата. Неа ја земаат во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и изнесува 96.455 денари, а потоа следи Воздухопловен транспорт – 63.527 денари, па Научно истражување и развој – 62.743 денари, Производство на основни фармацевски производи и фармацевски препрати – 60.632 денари и Останати стручни, научни и технички дејности – 59.202 денари.

 

Просечната нето плата во септември е зголемена за 9,8 отсто во споредба со истиот месец лани.

 

 

faktor.mk