Кон Австралија се приближува циклон кој прераснува во бура од петта категорија

Кон Австралија се приближува циклон кој прераснува во бура од петта категорија, која се смета за најопасна, поради што се затворени пристаништата, училиштата и патиштата во западниот дел на земјата.

Циклонот наречен „Зелија“ веќе предизвика обилни врнежи и силен ветер, а моментално е на 145 километри северно од Порт Хедланд, со удари на ветрови од 285 километри на час, пренесува австралискиот портал Си-Би-Ес.

Ангус Хајнс од Бирото за метеорологија вели дека тоа е најмоќниот тропски циклон и се прогнозира дека ќе биде категоризиран како бура од петта категорија додека го преминува брегот.

 

 

 

denesen.mk