Косово ќе формира работна група за зачленување во НАТО

Косовската влада одлучи да формира меѓуинституционална работна група за членство на Косово во НАТО. Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека главна цел на оваа група ќе биде подобрување на процесот на интеграција во НАТО, зајакнување на присуството на Косово во регионалните организации и механизми, меѓународната безбедност, како и соработката со стратешките меѓународни сојузници.

Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала оцени дека членството на Косово во НАТО е итно прашање поради руската воена инвазија на Украина.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа