Крвава свадба во Турција: Снаа го убила младоженецот!

Младоженец починал од повреди здобиени при свечена пукотница по неговата свадба на северот од Турција.

Додека младенците по церемонијата оделе кон својот дом, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели што наводно ги испукала роднина на неговата сопруга, јави државната агенција „Анадолу“.

Жената била приведена, а во нејзината градина биле пронајдени два нерегистрирани пиштола, соопшти агенцијата. Обвинителите отворија истрага за инцидентот што се случил во градот Шебинкарахисар во провинцијата Гиресун.

Свечената пукотница е вообичаена на свадби во северниот дел на Турција. Минатата недела еден маж загина, а две лица беа повредени пред свадба во североисточната провинција Трабзон.

Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.