На 29.04.2022 од страна на Одделението за внатрешни работи Кочани во координација со надлежно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава до Основно јавно обвинителство Кочани против М.С. (45), М.С. (41) и здружение на граѓани од Кочани. Пријавените сториле седум кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од КЗ, „Фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од КЗ и „Измама на штета на средства на Европската заедница“ по член 249-а од КЗ. Пријавените, во временскиот период од 01.01.2019 година до 02.09.2019 година, со прикажување на лажни и неточни податоци и изјави и склучување на фиктивни договори противправно присвоиле парични средства наменети за имплементација на проект во вредност од 522,700.00 денари, финансиран од Европска Комисија и регистриран во Централната база на податоци за странска помош при Секретаријат за европски прашања во Влада на Република Северна Македонија.
Related Posts
Тошковски: Побрз премин преку One Stop Shop концептот на Ќафасан-Ќафтане и одлична соработка во борбата со криминалот со Албанија
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.10.2024) е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со…
Пожарот во затворот во Битола го подменал 20 годишен затвореник од Кичево
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против А.В.(20) од Кичево, поради постоење на основано сомнение за…
Пенов: Граѓаните трпат преголема штета поради некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје
Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов посочи дека се следи ситуацијата со блокадите на приватните автобуски превозници, која ја окарактеризира…