Кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи

 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.М. – полициски службеник, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 и „послужување во службата“ по член 356 од Кривичниот законик, против И.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик и против Р.М., поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело “прикривање“ по член 261, во врска со член 396 од Кривичниот законик. Првопријавениот М.М. и второпријавениот граѓанин И.М., набавиле и чувале во домот, каде живеат во заедница, една автоматска пушка и четири рамки муниција за автоматска пушка со вкупно 125 куршуми.

М.М. неовластено се послужил со муницијата и неовластено ја дал на друго место да се послужи второпријавениот и да ја користи како муниција за нелегалната автоматска пушка која ја држеле во домот. Третопријавената Р.М., при претрес во нивниот дом, оружјето и муницијата ги завиткала во ќебе и се обидела да ги качи на друг кат во куќата, но била затекната и спречена од полициските службеници. На тој начин, таа свесно автоматската пушка и муницијата, како предмети од кривично дело, пробала да ги прикрие или протури со цел да ги сокрие од полициските службеници кои го вршеле претресот. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник М.М. и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.