„Кумот на вештачката интелигенција“ даде отказ во „Гугл“ И вели дека жали за својата работа

Човекот што многумина го нарекуваат кум на вештачката интелигенција ја напушти својата работа и предупреди на „сè поголемата опасност од развојот на полето на вештачката интелигенција“. Џефри Хинтон (75) во интервју за Њујорк Тајмс најави дека се повлекува од Гугл, велејќи дека сега се кае за својата работа.

Тој за Би-би-си изјави дека некои од опасностите од чет-ботови со вештачка интелигенција се „прилично страшни“. „Во моментов тие не се поинтелигентни од нас, колку што можам да видам. Но, мислам дека ќе бидат наскоро“, рече тој. Пионерското истражување на д-р Хинтон за длабоко учење и невронски мрежи го отвори патот за сегашните системи за вештачка интелигенција како ChatGPT.

Но, британско-канадски психолог и компјутерски научник изјави за Би-би-си дека четбот наскоро би можел да го надмине нивото на информации складирани од човечкиот мозок.

„Во моментов гледаме дека работите како GPT-4 ги засенуваат личностите во количината на општо знаење што ги имаат. Во однос на расудувањето, ттие не се толку добри, но веќе се во смисла на едноставното расудување. Со оглед на брзината на напредокот, очекуваме прилично брзо да станат подобри. Затоа мора да бидеме загрижени“, изјави тој за Би-би-си.

„Погледнете како беше пред пет години, а како е сега. Погледнете колку е голем чекор, а вие го проширувате понатаму. Страшно е“, истакна тој.

Текстот во целост на: Независен