Лавров: Постигнат е одреден напредок во преговорите со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека е постигнат одреден напредок во мировните преговори со Украина и дека Москва го подготвува својот одговор на украинските предлози.

Говорејќи на брифинг по разговорите со неговиот индиски колеги, Лавров рече дека мировните преговори со Украина треба да продолжат, но дека Киев покажал „многу повеќе разбирање“ за ситуацијата на Крим и Донбас и неопходноста од нејзиниот неутрален статус.

 

Радио Слободна Европа