Ладен бран во Македонија, температурите паднаа за 15 степени

Во  овие рани утрински часови од денешниот ден (четврток 10 јули) во нашата Република Македонија имаме разведрување на времето со засилување на ветерот од северен правец, и истиот услови температурите нагло и значително да опаднат дури за околу 15 степени за разлика од оние кои ги имавме до вчера (среда 9 јули).

На метеоролошката карта може да се види дека рано утринава на многу места низ Македонија температурата се спушти близу 10 степени, а таа во западните планински повисоки места се спушти и под 10 степени, што значи дека утрово ни е потребна и малку потопла облека, пишува во најновата анализа метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

Meteoalarm.com