Добро е што денеска учениците се вратија на настава по отсуство од речиси три недели. Најважно е што наставата продолжи. Учениците да следат настава, да тече образованиот процес и да може да се заокружи училишната година за сите, тоа е најважно за децата. Прекинот на штрајкот на СОНК и процесот на помирување се добра шанса дијалогот да продолжи. Таа шанса треба да се искористи за да се дојде до решение во интерес како на наставниците така и на учениците. Веќе има предлог за зголемување на платите за 12 отсто, но и подготвеност за нов Општ колективен договор со кој ќе се создаде методологија за континуиран раст на платите секоја година, истакна Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:
Владата предводена од СДСМ досега секогаш покажувала слух и силно го поддржувала процесот на образованието и детската заштита.
Платите на наставниот кадар во изминатите години ги зголемивме за 21%, платата на вработените во градинките за повеќе од 16%, а минималната плата за 100%, од околу 9.000 на 18.000 денари.
СДСМ го цени и вреднува трудот а значително инвестираше и во подобрување на условите за работа.
И во време на најголема економска и енергетска криза, Владата предводена од СДСМ не се откажа од покачување на платите туку се посвети на заштита на животниот стандард, поголеми плати и подобри услови за работа на вработените во образованието и детската заштита.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која 11 години ги потценуваше наставниците, ги омаловажуваше, а сега се обиде и да го политизира штрајкот на СОНК. Штетите кои ВМРО-ДПМНЕ сака да ги предизвика говорат за нивната очајност и безидејност.
Почитувани,
Сега е време да се вложат напори преку дијалог да се носат решенија кои ќе бидат во интерес на сите засегнати страни, но пред се на децата.
Затоа што сите чинители во образованието постојат за децата да имаат соодветен образовен процес.