Убавата Брена синоќа на третиот концерт во Загреб доживеа незгода поради што и беше извршена итна операција. При несреќата и била скршена коска во ногата. Контактиравме со организаторот, кој потврди дека пејачката е повредена, а концертите закажани за 10 и 16 декември се откажани. Да потсетиме, на синоќешниот трет концерт публиката во преполната најголема сала во Хрватска ја пречека со ентузијазам, а Брена уште на самиот почеток емотивно и се обрати на верната публика.
– Добра вечер! Еве, драги мои, многу ми е тешко да објаснам како се чувствуваме, не само јас, туку и целата моја екипа вечерва. Ова е едноставно нешто што е толку прекрасно и убаво што зборовите не можат да го опишат. Искрено се надевам дека вечерва нашата песна и нашата емоција ќе допрат до вас, дека ќе ја споделиме и дека вечерва ќе ги испееме сите песни заедно. Искрено се надевам дека сте спремни – рече таа еуфорично.
Обожавателите од сите краишта на Хрватска, но и пошироко, едвај чекаа нивниот омилен пејач во живо да ги изведе хитовите со кои израснаа генерациите. Во главниот град одекнаа „Кажи му дека го сакам“, „Чик гајс“, „Внимавај кому завидуваш“, „Дама од Лондон“ и други незаборавни песни.
vecernji.hr