Пуштен на слобода Гани Марку, дознава Радио Лидер. Марку е познат во јавноста како осомничен на убиствата на Јетон Кривањева- Жила во локалот „Шише бар“ на Кале , како и на ликвидацијата на Орхан Бајрами – Оки летово во Грција.
Во продолжение е одлуката од Кривичниот суд, до која дојде Радио Лидер, во која јасно се гледа одлуката за укинување на мерката притвор на осомничениот за убиствата Гани Марку.
Одлуката за пуштање на слобода случајно или не доаѓа во период на техничката Влада на премиерот од ДУИ Талат Џафери. Иако тој се споменува како можен сторител на убиствата тој е засега само осомничен.
Текстот во целост на: Радио Лидер