На 26.05.2025 во Скопје полициски службеници ги лишија од слобода Р.Д.(30) и М.Ј. (39), двајцата од Скопје поради сторено кривично дело “тешка кражба” по член 236 став 1 од КЗ. На 19.05.2025 во СВР Скопје е пријавено дека од црквата “Св. Спас” во Сопиште, скопско, биле одземени предмети. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје и сторителите се откриени и лишени од слобода на територија на Шуто Оризари. Тие во службен разговор го признаа кривичното дело, а одземените предмети се пронајдени и вратени на црквата. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Related Posts
Од март месец 2023г двојазични униформи, на македонски и албански јазик
Најдоцна до март следната година униформите на полицајците ќе бидат двојазични – на македонски и на албански јазик, најави министерот…
Пецаков: Општина Охрид подготви пригодна свечена програма за чествување на 23 Октомври-Денот на Македонската револуционерна борба
Одбележуваме 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација. По тој повод Општина Охрид подготви пригодна свечена програма за чествување…
Најголем дел од владината помош за сметките за струја ќе добијат самците
Владата на денешната седница донесе измени и дополнување на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година,…




