Лишени од слобода четворица возачи во Скопје, Кочани, кичевско и тетовско, затоа што возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода четворица возачи затоа што управувале возило без положен возачки испит, и тоа во Скопје, Кочани, кичевско и тетовско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.