Лишени од слобода 21 возачи за безобѕирно управување возило, 13 возеле без возачка дозвола, а седуммина под дејство на алкохол
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 21 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 13 возеле без возачка дозвола (петмина во Скопје, двајца во тетовско и по еден во Македонска Каменица, Куманово, Гостивар, Кичево, Дебар и Битола), седуммина под дејство на алкохол (тројца во Скопје и по еден во Свети Николе, Куманово,Тетово и Велес), а еден возач во Кичево возел и покрај тоа што имал забрана за управување возило.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.



