Американската пејачка Мадона ќе го прослави својот 66-ти роденден на 16 август, а според извештаите на Мирор, прославата ќе се одржи во древните урнатини на Помпеја. Наводно на забавата ќе има 500 гости, а сите ќе се забавуваат во амфитеатарот Театро Гранде. Иако настанот се уште не е официјално потврден, градоначалникот на Помпеја изјавил дека се подготвени да ја пречекаат пејачката.
Иако градоначалникот изрази ентузијазам за одлуката на Мадона да го прослави роденденот во Помпеја, многу Италијанци не се воодушевени. Остро го критикуваат изборот на локација и информацијата дека наводно потрошила 30.000 евра за нејзината резервација.
„30.000 евра се апсурдни. Тоа е како да ја добиеш Помпеја на подарок“, рече Микеле Камписи, генерален секретар на здружението за зачувување на наследството Италија Ностра. Тој додаде дека не му е јасно зошто Мадона треба да го слави роденденот во Помпеја наместо на некоја „убава плажа“.
Росана Кариери, претседател на културното здружение „Ми Риконосци“, додаде дека италијанското наследство не треба да се користи како „сценска позадина“ за „ексклузивни“ настани.
Битолчанецот Митко Јанкуловски вработен во позната битолска банка кого битолчани го познаваат како двојник на балканската музичка ѕвезда Здравко Чолич…