Работничка во болница во Германија починала откако маж ја застрелал со самострел во болница. Ова се случи во средата попладне во Hardtwaldklinik во Бад Цвестен, во централна Германија. Осомничениот бил уапсен неколку часа подоцна.
58-годишниот маж од регионот Пасау, во близина на австриската граница, влегол во болница и пукал со пиштол кон 50-годишната жена.
Жената починала на лице место, а осомничениот побегнал. Германската полиција успеала брзо да го идентификува осомничениот и започнала потрага.
Мотивот непознат
Неколку часа подоцна во ноќта бил пронајден и уапсен на паркинг покрај автопатот во Баварија. Според германските власти, таму биле собрани и директни докази. Што точно се тие докази не е откриено.
Од полицијата велат дека се уште истражуваат што точно се случило и кој бил мотивот на мажот. Исто така, сè уште не е јасно дали двајцата се познавале.
извор: НОС Холандија