Македонски државјанин уапсен во Австрија поради дрога во вредност од 700.000 евра

Полициски службеници од оперативната група за борба против уличен криминал од Виена, Австрија, во интернзивни истраги уапсија 30-годишен македонски државјанин осомничен за шверц на дрога. Тој е уапсен во акција заедно со 25-годишен државјанин на Сирија.

Полицајците успеале најпрво да го уапсат Сириецот, а два часа подоцна бил уапсен и македонскиот државјанин во неговиот стан во областа Отакрин.

Полицајците заплениле поголемо количевство на дрога, која според полицијата е со вредност од 700.000 евра.

Двајцата завршиле во притвор.

фото: Архива