Малолетник загина од удар на струја во Хвар

Малолетнен турист денеска почина од струен удар на хрватскиот остров Хвар. Според првите информации, несреќата се случила во општина Јелса околу 14:45 часот.

Веднаш интервенирала Брзата помош, но од здобиените повреди починал на лице место.

Според неофицијалните информации на „Слободна Далмација“, станува збор за австриски државјанин кој со семејството престојувал на Хвар. До електричниот удар наводно дошло додека се туширал под надворешната туш кабина во дворот од куќата што ја изнајмиле.

Го известивме надлежното државно обвинителство и ќе спроведе истрага, рекоа од хрватската полиција.

 

извор: „Слободна Далмација“