Малолетници извршиле полов напад врз друг малолетник

Вчера попладне во Полициска станица Центар, скопјанец со иницијали Н.К. пријавил дека неговиот син бил жртва на полов напад.

Според пријавата, на 28.11.2023 на подрачје на Центар двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти денеска МВР.