Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат било каква информација за Марк Јорис (72), белгиски државјанин кој на 18.09.2024 од страна на Интерпол Брисел и амбасадата на Белгија е пријавен како исчезнат, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112 . Како што веќе претходно известивме, во МВР е пријавено дека Марк Јорис е исчезнат, а, според пријавеното, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар- општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија. Со помош на дрон е извршена потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено, а се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето.
Related Posts
Ковачевски: Децата мора да останат во училиште, со синдикатот ќе бараме решение
Имаме многу јасен закон во однос на организирање на штрајк во сите делови. Училиштата, МОН, Општините кога се работи за…
Проф. Давитковски: Обвинителството да го повика оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со старото име
Пензионираниот професор по административно право, Борче Давитковски смета дека оној што нарачувал обрасци за лични документи во 2019 година со…
(ВИДЕО) Како изгледаше возење автомобил во силното невреме што го погоди Охрид
Силни врнежи од дожд, грмежи и град предмалку го зафатија Охрид. Инаку најавата на метеоролозите за викендов е променливо облачно…