Откако на социјалните мрежи се прошири апел за пронаоѓање на младата Клара, се огласи и Министерството за внатрешни работи.
На 02.08.2024 околу 23.45 часот И.Т. (33) од н.Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К.Р. (14) се оддалечила од домот. К.Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К.Р. и И.Р.. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.
Според објавата на ФБ, девојката со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165 cm, тежина 56 kg, а очите се кафено-зелени.