Мерцедес-Бенц ќе инвестира 1,3 милијарди долари за нова фабрика во Полска

Министерството за развој и технологија на Полска соопшти дека германската компанија Мерцедес-Бенц ќе реализира инвестиција во вредност од 1,3 милијарди долари во Полска, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се истакнува дека со оваа инвестиција за која станува збор ќе се вработат над 2.500 лица.

Се нагласува дека компанијата ќе отвори фабрика со инвестиција од 1,3 милијарди долари за производство на електрични минибуси.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, во изјава за медиумите по состанокот со претставниците на Мерцедес-Бенц, истакна дека големите компании ѝ веруваат на земјата.

Моравјецки рече дека инвестицијата што ја најави Мерцедес-Бенц е многу важна за Полска.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).