„Во изминатите два месеца постигнавме нешто што не можевме да го замислиме“, порача синоќа на прес конференција Амар Мециновиќ кој во трката за градоначалник на Град Скопје, влезе како кандидат на партијата Левица.
Од обработени 98,98 проценти од податоците за одѕивот на денешното гласање во рамките на вториот круг од локалните избори, Мециновиќ освои 60.303 гласови, односно 36,53% од гласовите – покажува статистиката објавена на веб страницата на Државната изборна комисија.
На кусата прес конференција, тој ја обвини владеачката ВМРО-ДПМНЕ за авторитарност.
„Скопје се разбуди и одлучи дека може да се гласа и да се избере поинаку. За жал, на крај видовме дека имаше обид од страна на владеачката авторитарна ВМРО-ДПМНЕ да го смени сето ова со нивни методи, но не успеа да ги обесхрабри скопјани кои во толку голем број покажаа дека не е толку јасна позицијата на владеачката партија како што мислеа. Во следните две и пол години, Скопје само дополнително ќе се мобилизира“, додаде Мециновиќ.
slobodnaevropa.mk




