За себе лично, започна големиот еврејски празник Песах кој го одбележува излезот на Евреите од егзодусот од Египет. Во таков амбиент сметав дека ќе се помине мирно викендот, но баш на тој ден се случи тој немил настан поради тоа што концептот на култура беше заменет со провокација. Тоа не е согласност со договорот за добрососедство и пријателство и оди во насока на бројните провокации кои доаѓаат од Бугарија, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи во „Што не е јасно“ Алфа говорејќи за отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Таа истакна дека еден културен центар можеше да го добие било кој назив, друго име, а тие се одлучија за Ванчо Михајлов, контроверзна личност од минатото.
– Во неговите книги кои се издадени во Рим стои дека Македонците се говеда и деца на Сталин. Се работи за човек кој е контроверзен, има фашистички ставови, колаборира со нацистичка Германија. Станал советник на Анте Павелиќ, се обидува да направи и квинслишка држава во Скопје во 1944 година, но видел дека амбиентот не е погоден за тоа и заминува. Се чудам зошто баш ваква личност за кој има историски факти, наместо да се одбере личност која ќе биде во знак на добрососедство, рече Мизрахи.
Мизрахи истакна дека во исто време Бугарија го затајува меѓународното право во однос на случаите на македонските организации во Бугарија со 14 пресуди во Стразбур како и во рамките на договорот на двете држави каде стои дека треба да има меѓусебно почитување и дека треба да се поттикнува соработка.
– Од Бугарија изминативе години има најмалку 23 изјави кои воопшто не се добрососедски во кои тие велат дека Бугарија е до Охрид, дека македонизмот е измислен, но и дека не постои македонска нација и дека Гоце Делчев е Бугарин, потенцира Мизрахи.
Таа посочи дека во врска со преговорите консензусот мора да се направи прво дома.
– Прво треба да се договорат заедничките ставови. Не може вие да преговарате и договарате, а самата јавност да не знае. Во најмала рака треба парламентот да знае, а тој никогаш не е известен. Не знаеме за каков план и договори станува збор. Но не се знае медиумите до кој степен уживаат слободи за да може да информираат. Дали ќе биде легитимен премиерот веќе не ни и битно, станавме монархија во која самите си назначија премиер. Тој води држава а вели дека не навлегува во историски прашања и не се разбира во истите, рече Мизрахи.
Таа нагласи дека моментално сме заглавени во договорите кои ги потпиша оваа влада, тоа е неукост и недоволна екпертиза во вит преговарачки рамки за тие договори, вели Мизрахи додавајќи дека овој отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ не е случаен настан и истиот може да биде и тест како ќе помине бришење на историјата.
– Не е случаен настан, не е случајно да дојде премиер на странска држава. Ме вознемирува фактот што многу добро знаела власта, како министерката за култура, бидејќи основата на оваа држава е антифашистичка, добрата страна на историјата која треба да ја зачуваме. Прашање е дали е ова тест како ќе помине бришењето на историјата. Дека се ова обиди и чисти провокации тоа е факт, потенцираше Мизрахи.
Таа нагласи дека Европската Унија е економска заедница, и за таа економска заедница да ја достигнеме треба да постигнеме одредени стандарди, а нив можеме да ги постигнеме само со реформи. Но не може да кажете дека сакаме да се приближиме кон ЕУ како економска заедница со тоа што ќе престанеме да постоиме.
Таа истакна дека ќе беше добро претставници од власта да беа во Битола и на било која маса барем еднаш да кажат дека за одредени прашање не се преговара.
– Очекував без разлика дали е претходниот или овој премиер ќе застанат на тој став дека не се разговара за одредени прашања, но пред се тоа треба човек да го има во себе, па тим кој тоа ќе му го направи. И конечно консензус дома треба да има, пред да оди да преговара надвор. Треба да ја штитиме Македонија, рече Мизрахи