Новата 2023-та година на Мина Костиќ ѝ започна на најлош можен начин, почина нејзината мајка.
Пејачката моментално минува низ многу тежок период.
Мина за ова ги извести своите следбеници на Инстаграм и објави фотографија од нејзината мајка со потресни зборови.
– Моја сакана мајка, патувај со ангелите! Ти благодариме за сè, те сакаме – напиша неутешната пејачка.
– Да знаев дека ова е наш последен заеднички ден, немаше да отидам никаде. Прости ми мајкичке моја мила – напиша пејачката во описот на видеото.
Нејзините фанови веднаш ѝ испратија пораки со поддршка, а многумина ѝ порачаа дека може да смета на нив во најтешките моменти.
telegraf.rs