Мистериозен патник пристигна во Лос Анџелес: Вели дека не се сеќава на ништо, а сликите на неговиот телефон ги збунија сите

Необична приказна е снимена на почетокот на ноември на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес (LAX), каде патник се појавил пред цариниците без билет, виза, пасош и други документи.

Мистериозниот маж пристигнал од Копенхаген, но не бил на списокот на Scandinavian Airlines, ниту во системите на граничните служби. Тој тврдеше дека се вика Сергеј Очигава, но дека не се сеќава како завршил во авионот.

Мажот изјавил дека работи како економист, дека има руско и израелско државјанство и дека ги заборавил документите во авионот, пренесува Телеграмскиот канал База.

Рече дека не спиел три дена, но дека не се сеќава што правел во Данска. Неговиот пасош не бил пронајден, па агентите на ФБИ го привеле на дополнително испитување.

Во меѓувреме, властите добија информации дека тој често ги менувал седиштата во авионот, барал да јаде и земал чоколадо наменето за членовите на екипажот.

Со себе имал телефон, а фотографиите кои биле пронајдени дополнително го искомплицирале случајот.

Имено, последното нешто што е снимено е информацијата на аеродромските семафори, односно прикажувањето на летовите од Европа (Амстердам, Минхен, Лондон, Малага, Лисабон).

Покрај тоа, пронајдени се „принтскрин“ од апликацијата „Мапи“ на кои е прикажан хостел во Кил (Германија) и улица од непознат град.

Идентитетот на мажот се уште не е утврден, а американските и данските власти заедно работат на необичниот случај.

Извор: Telegraf.rs