Како што можете да видите дека и со овие лимитирани ресурси Велес се гради. Велес добива нов лик.
Јас сакам само да му честитам на Марко, да честитам на администрацијата, на луѓето кои што се дел од тимот на Марко како градоначалник овдека во Велес. Да им посакам уште многу вакви проекти бидејќи човек нормално е да се радува кога се гледа како нешто напредува, како нешто се гради и како ветувањата се исполнуваат, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Навистина од ден на ден, од посета во посета, можат тие промени да се забележат иако повторно ќе потенцирам имаме работа со Влада и со централна власт која што на секој начин гледа како да ги опструира општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има свои градоначалници.
Во која смисла да ги опструира? Ги намалува дотациите, се заканува, а некаде ги одзема ингеренциите во градинките, во училиштата, нема никаква помош. Ако забележите и ако видите каква е помошта од централната влада кон општините каде што имаме градоначалници на СДСМ и ДУИ и ја споредите со оваа каде што се градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е од прилика 70% од вкупниот број на население во Македонија ќе видите дека целата помош е сконцентрирана токму на тие општини. Еве Крива Паланка земете ја на пример, Пробиштип, Струмица, итн. и споредете ја со општините како што се да речеме Битола, Прилеп, Велес, Штип итн. ќе видите дека апсолутно нема никаква поддршка од страна на централната влада. Зошто? Тие ги казнуваат граѓаните на овие општини само затоа што тука ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник. Но, тоа нас нѐ мотивира, луѓето се двојно повеќе мотивирани и ќе направат повеќе само за да покажат дека со чесна, храбра и посветена работа и без поддршка од оваа криминална Влада на ДУИ поддржана од СДСМ можело да се направи и дека само така може Македонија да оди напред и дека не се сите исти.
Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени овој пристап односно ќе помага низ целата територија на Македонија, секаде без разлика дали градоначалникот ќе биде од редот на ВМРО-ДПМНЕ или од тогашната опозиција предводена од ДУИ, а поддржана од СДСМ.
извор: ВМРО ДПМНЕ