Мицкоски: Владата ги презема сите неопходни мерки за спасување животи, а лекарските тимови вложуваат натчовечки напори

Денеска ги посетив повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
Владата ги презема сите неопходни мерки за спасување животи, а лекарските тимови вложуваат натчовечки напори. Голем број пациенти се пренесени во странство, а државата ќе ги покрие трошоците за два члена од семејствата да ги посетат најблиските.
Благодарни сме за меѓународната помош и поддршка.