Денеска присуствував на поставување на камен темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ ,,Григор Прличев” во населено место Железара.
Би сакал да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата од Општина Гази Баба, на пратениците, на министерката, на Министерството за образование и наука за посветената работа при реализацијата на овие проекти, коишто се многу значајни за развојот на децата и образовниот процес на истите.
Очекувам уште многу вакви проекти коишто во периодот што следи ќе бидат реализирани, да го испорачаме она коешто сме го ветувале.



