Мицкоски најави дека во ЕК ќе ги оспори законите за повисоки плати за судии и обвинители

Претседателот на Владата, Христијан Мицковски, најави дека не планира да бара од пратениците да поддржат закони „со кои ќе треба да се зголемат, двојно, тројно примањата на оние кои имаат рејтинг само да проценти“. Ваквата изјава доаѓа откако во Министерството за правда во фаза на изработка се неколку закони, законот за судови, законот за обвинители, законот за судски совет, законот за совет на јавни обвинители, законот за обвинителска и законот за судска служба.

„Тоа се носечки шест закони. Тие имаат еден заеднички именител, тоа е повисока плата за судиите и за обвинителите, тоа е реформата. Ова е реформата којашто треба да се случи. Ако некој очекува дека реформата ќе биде, не знам што – не е така. Ова го бараат, повисоки плати за оние коишто наместо да се автори на правда, се автори на неправда. Но во ред преземавме обврска мора да се испорача, рече Мицкоски.

Тој допрецизира дека во моментов се прави компаративна анализа колкав е процентот што се издвојува од буџетите во другите европски земји за овие институции. Откако ќе се соберат податоците Мицкоски најави дека со Министерството за финансии, ќе појдат во Европската комисија за да докажат дека тоа што се бара од Северна Македонија не може да си го дозволи.

 

 

 

slobodnaevropa.mk