Мицкоски потврди: Чекиќ Дуровиќ ја потпишала фалсификуваната лиценца за дискотеката

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека- Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши, ја потпишала фалсификувана лиценца.

-Да министерство за економија ја има издадено, потпишана е од тогашен државен секретар Размена Чекиќ Дуровиќ. Со цел ризик дека сето ова може да предизвика процедурални пропусти, но во интерес на јавноста јас сум тука да ги соопштам и овие детали доколку ме прашувате, истакна Мицкоски.

Дискотеката „Пулс“ во Кочани работела со фалсификувана лиценца издадена во времето на Крешник Бектеши од ДУИ, иако не ги исполнувала условите за работа и претходно, во неколку наврати била одбивана за таков тип на дозвола.

На лиценцата е потпишана Размена Чекиќ Дуровиќ, тогашен државен секретар во министерството за економија на Крешник Бектеши.

За потсетување, Бектеши станува министер за економија во Владата на Зоран Заев во 2017-та година, беше близок и со Ковачевски.