Мицкоски: Проектот за реконструкција на Градскиот базен во Кавадарци опфаќа целосна санација и модернизација на постојниот објект со цел негово претворање во современ и функционален воден комплекс

Проектот за реконструкција на Градскиот базен во Кавадарци опфаќа целосна санација и модернизација на постојниот објект со цел негово претворање во современ и функционален воден комплекс.
Со реализацијата на проектот се создаваат услови за квалитетно користење на објектот во текот на целата сезона и унапредување на јавната спортско-рекреативна инфраструктура.
Инвестицијата изнесува 48.902.950 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од заложбите за развој на спортската и рекреативната инфраструктура во општините.