Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ, туку напротив е разочаран. Смета дека тие нема да бидат конструктивна опозиција, каква што и треба на земјата.
„Избраа раководство какво што заслужуваат. Тие најдобро знаат, ние не можеме да кажеме какво раководство треба да изберат. Не сум импресиониран од ова раководство – напротив сум разочаран, затоа што не можат да бидат конструктивна опозиција. Ќе продолжат со опструкции и навреди“, изјави Мицкоски, коментирајќи го изборот на највисоките тела на СДСМ на конгрес во неделата (24.11).
Според премиерот, за десетина месеци ќе има тест, со почетокот на кампањата за локалните избори „и ќе видиме дали ова раководство ќе понуди нешто ново“. „Сакам да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но можам да кажам дека не сум импресиран“, вели Мицкоски.
DW